Банкарство 05.09.2018 19:17

Инјекција за буџетот: Колку банкарски пари има кај државата

Инјекција за буџетот: Колку банкарски пари има кај државата

Над милијарда и пол милиони евра долг врз основа на државни записи има Министерството за финансии на крајот на првото полугодие годинава. Најголем дел од државните хартии од вредност се едногодишни државни записи, а најмал е износот на продадени шестмесечни записи. Во последниот период, државата ги намали задолжувањата по однос на краткорочни државни записи, а во април издадена е и триесетгодишна државна обврзница. Министерството за финансии продава хартии од вредност или записи и обврзници на домашниот пазар преку кој ги финансира обврските на буџетот, а записите ги купуваат финансиските институции во земјата, банките, но и пензиските фондови.

Анализа на состојбата на државните записи на крајот на јуни покажува дека државата до тој месец има најголем долг врз основа на издадените дванесетмесечни државни записи или по тој основ запишани се 607 милиони евра. Долгот по продадени петнаесетгодишни обврзници изнесува 433 милиони евра.

По основ на петгодишни државни обврзници кај власта се вкупно 141 милиони евра, додека состојбата на дестгодишните обврзници е 138 милиони евра. На крајот на јуни во шестмесечни записи биле запишани 10,5 милиони евра, најмалку по сите основи.

Лани на крајот на јуни долгот на државата за запишани државни хартии од вредност изнесува помалку од 1,4 милијарди евра, додека во јуни 2015 состојбата на државниет записи и обврзници изнесува 1,3 милијарди евра.