Актуелно 15.02.2019 15:19

Антикорупциска комисија ги објави имињата на вработените роднини на Мира Стојчевска, Асани, Џафери, Мисовски…

Антикорупциска комисија ги објави имињата на вработените роднини на Мира Стојчевска, Асани, Џафери, Мисовски…

Антикорупциска комисија ги објави имињата на 18 роднини на јавни функционери за кој се поведува постапка за тоа како се вработени, беше објавено на втората седница од вториот состав, пишува Фактор.

За пратеничката Мира Стојчевска се разгледуваат три случаи – за тоа како е унапреден сопругот Илјо Стојчевски во Шумската полиција во Делчево, за нејзиниот син Виктор Стојчевски кој беше вработен во државната ЕЛЕМ и за нејзиниот брат Цветан Велевски вработен во РЕК Битола.

Објавено е и имието на Бесија Џафери во ЕЛЕМ, ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери. Објавен е и Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски, а нововработен во Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Ја има и Хидаете Алили, сестрата на министерот за култура Асаф Адеми која доби работно место во АД ЕЛЕМ.

Спомената е и Влора Бектеши, сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши, примена на работа во МЕПСО. Ја има и Фанија Костадинова, мајката на пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, вработена во Централниот регистар. Марија Јосифовска, сестра на пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, е евидентирана како вработена во уметничкото друштво „Мирка Гинова“.

Од Антикорупциска велат дека имињата на списокот не се селектирани, туку сите овие имиња на списокот ги ставиле по допрен глас, односно од информации што ги добиле од медиумите.