Актуелно 13.02.2019 15:21

Баџанакот на Џафери стана заменик претседател на Антикорупциска, од таму велат немало конфликт на интереси

Баџанакот на Џафери стана заменик претседател на Антикорупциска, од таму велат немало конфликт на интереси

Немало конфликт на интереси што му е баџанак на Талат Џафери и е член на Антикорупциската комисија, одлучи денеска комисијата. За Нури Бајрами, роднината на претседателот на Собранието, се дискутираше на првата седница на комисијата. А случајно тој стана и заменик на претседателот на комисијата. Изборот е случаен, односно заменикот се избира со влечење, а замениците ќе ротираат на секои шест месеци.

Самиот изјави дека изборот бил случаен и повика прозивките за запрат, шоуто да заврши и да се фатат со работа.

Инаку претседателката Билјана Ивановска рече дека според член 8 од Законот за спречување на конфликт на интереси под поимот блиски лица се смета сватовство до втор степен.

„Согласно тоа што за сватовство до втор степен се сметаа родителите на брачниот другар и брат или сестра на брачниот другар, сметаме дека не станува збор за конфликт на интереси. Со оглед на тоа дека со законот не се опфатени сите состојби ќе се изврши проверка на законите со цел да се спречат вакви ситуации“, вели Ивановска.