Компании 04.01.2019 23:00

Apple ги повлекува iPhone 7 и 8 од Германија

Apple ги повлекува iPhone 7 и 8 од Германија

Германскиот суд и нареди на технолошката компанија Apple да повлече одредени модели на iPhone од тамошните пазари, поради кршење на патентни права на производителот на чипови Qualcomm, пренесуваат британските медиуми.

Според пресудата на судот во Минхен од 20 декември минатата година, Apple го прекршил патентното право на технологијата на штедење струја, појаснува BBC.

Судот нареди компанијата да ги повлече моделите iPhone 7 и 8 од 15 специјализирани продавници во Германија, а забраната за продажба опфаќа и други оператори, како што се за мобилни телефони и останати малопродажни салони.