Актуелно 26.06.2018 13:32

Apple планира AirPods од повисока класа?

Apple планира AirPods од повисока класа?

Американската технолошка компанија „Apple“ планира да се насочи повеќе на звукот, откако ќе ги пушти на пазарот „high-end“ слушалките „AirPods“, новиот „HomePod“ и слушалки со студиски квалитет во текот на следната година.

Компанијата со седиште во Купертино, Калифорнија, работи на „AirPods“ кои ги изолираат надворешните звуци и се водоотпорни, коментираат изворите. „Apple“ се обидува да го зголеми бројот на опции на „AirPods“ за да ја избегнат зависноста од „iPhone“ или „iPad“, вели еден извор. Јасно е дека луѓето нема да пливаат со нив, но нивната отпорност од вода е главно за заштита од дожд, коментираат изворите.

Слушалките дизајнирани за 2019-та година веројатно ќе чинат повеќе од сегашните 159 долари за еден пар. „Apple“ исто така работи на безжичен полнач за да работи со претстојниот „AirPower“.

На внатрешно ниво, компанијата го разгледа и додавањето на биометриски сензори на идните „AirPods“ за следење на пулсот на пример, па да бидат проширени здравствените хардверски предлози, надвор од „Apple Watch“, тврди друг извор.

Сегашните слушалки ќе бидат обновени подоцна во оваа година со нов чип и поддршка за „хендсфри“ активација во „Siri“, објави „Bloomberg News“.

„Apple“ исто така подготвува повеќе традиционални слушалки кои ќе се натпреваруваат со скапите модели на „Bose“ и „Senheiser“. Тие ќе го користат брендот на „Apple“ и ќе бидат повисока алтернатива на „Beats“ линијата на компанијата. Првично таа имала намера да ги пушти слушалките до крајот на 2018-та година, но се борела со предизвици при разработката, а сега се цели кон пазарно пуштање во следната година, објавија извори.

Портпаролот на „Apple“ одби да коментира на ова прашање.