Актуелно 24.11.2018 13:47

Арсовски: Вицепремиерот за скандали Анѓушев не престанува да отвора нови сомнежи за криминал, не само во Македонија, туку и во Грција

Арсовски: Вицепремиерот за скандали Анѓушев не престанува да отвора нови сомнежи за криминал, не само во Македонија, туку и во Грција

Кога веќе Анѓушев молчи и одбегнува да даде одговори за скандалите кои се врзуваат за него во соседна држава, тогаш прашуваме дали јавноста може да очекува дека по допрен глас нашето обвинителство и надлежните институции ќе го истражат овој случај кој ја тресе јавноста во Македонија и Грција? До тогаш, доколку има истрага, бараме Анѓушев да си поднесе оставка за да не може да влијае врз истрагата од позиција на власт кој што во моментот ја има, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вицепремиерот за скандали Кочо Анѓушев не престанува да отвора нови сомнежи за криминал, не само во Македонија, туку и во Грција. Оваа црнила што ни се случува во државата е резултат на црните биографии на функционерите на оваа криминална влада на СДСМ. Во грчките медиуми веќе се најавува истрага на грчкото обвинителство за продажбата на фирма ЕДС која што беше во сопственост на ЕДС на грчката државна компанија за електродистрибуција (ДЕИ). Ние, а и јавноста во Македонија изразивме сомневање во легалноста на оваа продажба, особено ако се има предвид дека се случи неколку месеци пред потпишувањето на капитулантскиот договор од Преспа со кој се рушат македонските национални и државни интереси. Патем да не заборавиме дека Анѓушев беше еден од првите функционери кој уште пред финиширањето на договорот лицитираше со името на државата. Дали овие изјави на Кочо Анѓушев во врска со промената на името и продажбата на неговата фирма на грчка државна фирма имаат некаква поврзаност треба да го испитаат и нашите институции, се разбира ако имаат доблест и храброст да се отргнат од канџите на власта и на Зоран Заев, рече Арсовски и додаде:

„Дополнителен сомнеж дека се работи за матна зделка од која зависи и идентитетот на државата, на секој граѓанин на Република Македонија говорат и информациите кои ги добиваме од грчките медиуми кои велат дека милионите евра се исплатени на личната сметка на Кочо Анѓушев, 4,8 милиони евра. Кочо Анѓушев е само олицетворение на целокупната власт предводена од Зоран Заев. Овој криминален картел на власт не пропушта можност за лично богатење без да бира методи и средства. Овие луѓе кога се работи за нивниот личен интерес немаат ништо свето, ниту име, ниту идентитет, ниту народна волја, ниту Устав, ниту Закони“.

Затоа, подвлече тој, сите треба да си дадат оставка за Република Македонија конечно да тргне напред.