Економија 08.05.2018 10:25

Бафет сака поголем дел од Apple

Бафет сака поголем дел од Apple

Главниот извршен директор на „Berkshire Hathaway“, Ворен Бафет изјави денеска дека му се допаѓа толку многу најскапата компанија во светот „Apple“, како и дека со задоволство би сакал да ја поседува во целост.

„Ми се допаѓа „Apple“. Купивме удел во компанијата, за да го држиме долги години“, изјави Бафет за „CNBC“. Веќе поседуваме околу 5% од „Apple“, но јас би сакал да имаме 100% од неа. Ми се допаѓа како компанијата, како и менаџментот и начинот на размислување“, дополни тој.

Бафет ја поздрави веста дека „Apple“ ќе користи 100 милијарди долари, за да откупи дел од своите акции.

„Кога купивме удел во „Apple“, знаев дека тие ќе купат доста од акциите. Денес имаме 5%, но со реализација на нивната програма овој удел може да порасне и до 6%, при тоа без да потрошиме и долар“, изјави Бафет.

Контролината од него компанија „Berkshire Hathaway“ доби нови 75 милиони акции од „Apple“ во првиот квартал од годината и веќе поседува 240 милиони акции.

„Ова е неверојатна компанија“, вели Бафет. „Ако ја погледнете „Apple“, мислам дека таа заработува речиси два пати повеќе од втората најголема профитабилна компанија во САД“, изјави пред неколку дена Бафет.

Денес, акциите на „Apple“ пораснаа за 4% до 183,83 долари по акција. Па така пазарната проценка на компанијата веќе е 933 милијарди долари, што е малку над 7% од посакуваната граница од 1.000 милијарди долари.

Со 84 милијарди долари, Ворен Бафет е третиот меѓу најбогатите луѓе во светот.