Ќе има намалување на каматите на кредитите, најавуваат банкарите, велат, во моментов ги правиме пресметките колкаво ќе биде снижувањето. Ова следува откако Народна банка вчера, втор пат за неколку месеци, повторно ја симна основната каматна стапка, па сега таа изнесува 2,75 мотсто.„
Се очекува да ги намалиме каматните стапки, иако, поради големата ликвидност и конкурентност на банкарскиот пазар и во изминатиот период, без оглед на потегот на НБМ, банките континуирано ги намалуваа каматните стапки. Но, како и да е, после ова ново намалување од 0,25 процентни поени од страна на централната банка, секако дека повторно ќе се прават нови калкулации за намалување на каматните стапки, и на кредитите, и евентуално на депозитите“, вели Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор во Комерцијална банка.
Компаниите и натаму се жалат дека тешко доаѓаат до кредити, а имаат потреба од пари. Банкарите, пак, со став, добрите проекти секогаш доаѓаат до поволни кредити.„
Нашите очекувања се дека ќе најдеме нови проекти, нови добри компании, каде што ќе можеме да го зголемиме кредитирањето. Не е желба на ни една банка да запишува благајнички записи и државни обврзници и записи доколку има подобар пласман во реалниот сектор. Но за жал, се уште има отсутсво на добри проекти, не дека ги нема, има извесно заживување кај стопанството, но би било добро да има повеќе“, вели Штериева.
Експертите објаснуваат дека Народна банка ја донела одлука бидејќи девизните резерви се на солидно ниво, на денарскиот пазар има вишок ликвидност, а и инфлацијата е пониска од очекувањата.„
,,Ова пред се е сигнал до банкарскиот сектор дека генерално во целата економија е можно да има намалување на каматите кај банкарскиот сектор, се разбира банкарскиот сектор е автономен во тоа како ќе го прими тој сигнал“, вели Владимир Филиповски, универзитетски професор.
Но, ова е и сигнал до приватните компании дека е поволно време да инвестираат, смета професорот
.„Во исто време, ова е сигнал индиректно и до реалниот сектор, дека во економијата има големи неискористени ресурси и дека е добро време да се зголеми инвестициската побарувачка од страна на корпоративниот сектор, па и побарувачката за трајни потрошни добра од домаќинствата, и сето тоа е со цел – преку зголемена агрегатна побарувачка, да се поттикне и економскиот раст“, вели професорот Филиповски.
Од монетарната власт, пак, денеска соопштија, дека во вториот квартал забележале поповолна состојба во економијата во споредба со првиот. На годишна основа, априлската проекција предвидува раст од 3,2 отсто година. Во вториот квартал кредитирањето забележало раст, но и натаму повеќе кај домаќинствата. Очекувањата се дека домашната економија и натаму ќе биде поддржана од кредитната активност на банките, велат од НБМ.