Банкарство 10.12.2018 11:41

БАНКАРИТЕ СЛЕДНИ НА „ЛИСТАТА ЗА ОTCTPEЛ“ НА ЗАЕВ?: Се стега ли „свилениот гајтан“ околу вратот на банкарите?

БАНКАРИТЕ СЛЕДНИ НА „ЛИСТАТА ЗА ОTCTPEЛ“ НА ЗАЕВ?: Се стега ли „свилениот гајтан“ околу вратот на банкарите?

Бегството на Никола Груевски од Р.Македонија освен што ги посрамоти властите предводени од Зоран Заев, правосудниот систем и сите органи на прогонот, предизвика и домино ефект во бизнис заедницата, откако Владата на СДСМ започна со селективно, експресно и недоволно потковано со факти пpиведување на лица блиски до претходната владејачка гарнитура


Први на листата беа Сашо Мијалков екс-директор на УБК, Орце Камчев бизнисмен кој важи за близок соработник на Груевски и Мијалков, сопственикот на „Пелистерка“ Панделевски и низа негови сорабтоници.

Веднаш по пpивeдувањето акциите на банката во сопственост на Камчев доживеа стрмоглав пад на цената на акциите на Македонската берза, а претходно и компаниите под контрола на Мијалков и Камчев беа неодложно ставени под финансиска контрола, замрзнати сметки и извршни налози.

Акциите на „Стопанска Банка АД Битола“, од моментот на приведување до денес паднале за околу 40% во нивната вредност, а дел од сметките на клиентите во банката беа замрзнати без објаснување. 

Веднаш потоа, замрзнување на имотот доби и ЗК „Пелагонија“ но и млекарницата „Здравје Радово“. Подоцна овие блокади беа подигнати, без објаснување, најверојатно во интерен договор помеѓу страните.

Последните неколку денови, сличен феномен во пад на цената на акциите се случува и со хартиите од вредност на „Комерцијална Банка“ АД Скопје, но и на НЛБ Банка, што неодоливо индицира дека акционерите можеби имаат инсајдерски информации во врска со иднината или судбината на извршните директори на овие две банки, кои имаа одлична соработка со претходната власт.

Цената на акциите на Комерцијалн банка во период од три недели паднала за цели 15%, односно од моментот на бегството на екс-премиерот Никола Груевски, заклучно со денешниот ден.

Новинарот Миленко Неделковски на социјалните мрежи ја отвори оваа тема, споделувајќи дел од неговите сомнежи, односно, сознанија дека најверојатно следни на „листата за отстрел“ се токму директорите на поголемите банки, односно директорот на Комерцијална Банка Хари Костов.

“После Панделевски и Мијалков, свилениот гајтан и за тројцата на горниот дел од сликава. Плус уште за некој од НЛБ.
Падот на акциите на Комерцијална на берза, јасно покажува дека акционерите имаат информација за скорешно апсење на Хари Костов.“ – пишува Миленко Неделковски на својот ФБ профил.