Иако народната банка нема да се меша во политиките на Владата околу даночната политика гувернерот Богов сугерира да започне оданочувањето на сивата економија. Тој смета дека има простор за подобрување на наплатата на даноците.
„Во земјите од регионот кадешто сивата економија е висока и голем дел од економските активност не се оданочени, има голем простор да се подобрат јавните финансии преку зафаќање од оние коишто досега не плаќале данок.“ – изјави Димитар Богов за прогресивното.
Освен прашањето за воведување прогресивен данок на 7мата конференција на НБРМ во Охрид експертите разговараа и за монетарната политика и следење на трендовите. Иако Народна банка во Македонија ја намали каматната стапка на 3,% гувернерот Богов очекува таа да се зголеми следната година. Странските експерти говореа и за трговската војна во САД еу и кина за која рекоа дека може да доведе до негативен економски пораст поради зголемувањето на увозните цени а со тоа и куповната моќ на граѓаните.
„Трговската војна би била лоша вест која негативно ќе се одрази врз економскиот развој во глобални рамки.Воведувањето на трговски бариери ќе придонесе за зголемување на увозните цени, а сето тоа ќе падне врз грбот на граѓаните.Воедно ќе се влошат севкупните состојби на пазарот на капитал и негативно ќе се одрази врз растот на продуктивноста“. – изјави Јан Сметс гувернер на Централна банка на Белгија.
„Подобрите резултати забележани во еврозоната на почетокот на годината се резултат на зајакнувањето на трговската размена.Силна трговска размена носи напредок и јасно е дека во услови на нејзино нагло забавување можат да се очекуваат негативни економски резултати“. – изјави Бас Бакер-регионален претставник на ММФ.
Банкарите од Охрид порачаа и дека ЕУ треба да се подготви за зголемување на каматните стапки. Во фокус на конференцијата тие рекоа дека Секоја година стапката на невработеност се намалува за 1,5 отсто и во такво опкружување не треба многу ниска стапка. Каматната стапка Европската централна банка ја зголемува само кога порастот е висок, со образложение дека во иднина отворено ќе ја комуницира монетарната политика за да можат економиите од овој регион да се прилагодат.