Актуелно 10.08.2018 12:31

Борисов му се закани на Заев со вето од Бугарија за ЕУ

Борисов му се закани на Заев со вето од Бугарија за ЕУ

„Секој треба да пази што зборува, тоа си е на негова штета“- со тие зборови премиерот на Бугарија, Бојко Борисов ја коментира изјавата на неговиот колега Зоран Заев за македонскиот карактер на Илинденско-Преображенското востание.

„Ако го кажал тоа со умисла, или непремислено, пак е на негова штета. Затоа што кога ќе дојде до вратите на ЕУ и ние исто треба да дадеме наша согласност и ќе се потсетиме на овие работи. Мојот совет кон сите е да бидеме повнимателни.“- изјави Борисов.

Оваа реакција на Бојко Борисов доаѓа по интервјуто на Зоран Заев за телевизијата 1ТВ, од 4 август, каде македонскиот премиер кажа: „Илинденското востание е македонско, и ако некој граѓанин на Бугарија сака, нека си го празнува“.