Актуелно 23.01.2019 19:45

Бугарија планира да стави крај на програмата за продажба на државјанства

Бугарија планира да стави крај на програмата за продажба на државјанства

Бугарија планира да стави крај на програмата за продажбата на државјанства на богати поединци, соопшти Министерството за правда во Бугарија, додавајќи дека тој систем не ја донел очекуваната финансиска корист.

„Податоците укажуваат дека не е постигната целта на зголемување на реалните странски инвестиции и економски развој. Не се отворени нови работни места и не е забележан економски раст“, се наведува во соопштението на Министерството.

Оттаму наведуваат дека од 2013 година, околу 50 странци од Русија, Израел и Пакистан купиле бугарско државјанство.

Бугарија е една од трите членки на ЕУ, заедно со Кипар и Малта која продава државјанства за одредени инвестиции, како и права на престој.

Европската Комисија претходно предупреди дека ваквиот систем на продажба на државјанства создава услови за влез на банди од организираниот криминал во блокот и го зголемува ризикот од перење пари, корупција и затајување на данок.