Економија 22.01.2019 22:54

Кина забележа најнизок економски раст досега

Кина забележа најнизок економски раст досега

Економијата во Кина забележа најбавен раст во последните три децении.Втората најголема економија во светот порасна 6,6 отсто во 2018 година, покажуваат официјалните податоци објавени во понеделникот, што претставува најнизoк пораст од 1990 година досега.

Ова се должи на напорите на владата да се обиде да се справи со огромните долгови. Економијата на Кина исто така ги почувствува ефектите и од трговската војна со САД, што резултира со нови такси на производи во вредност од над 250 милијарди американски долари.

Ваквата ситуација има последици и на глобалниот пазар.

Економскиот раст во Кина забави до 6,4 отсто во последниот квартал од годината, покажуваат податоците во согласност со предвидувањата на економистите. Економскиот раст годинава се очекува да падне до 6 отсто, но многу аналитичари се скептични за точноста на владините пресметки и велат дека растот може да биде многу понизок.