Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари под притисокот од рекордното американско производство и најавите дека Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК) би можела да го зголеми снабдувањето со нафта.
На лондонскиот пазар цената за барел падна за 1,1 долар и изнесува 75,69 долари. Во Њујорк еден барел се тргува по 40 центи пониска цена од 65,41 долари.Бариера на пазарите создава минатонеделниот податок на американската влада за пораст на американското производство во март на 10,47 милиони барели дневно, што е најголема количина во еден месец откако во Вашингтон почнале да ги следаат тие податоци.
Претходниот викенд министрите на арапските земји постигнаа договор за потребата од континуирана соработка на членките на ОПЕК и одредени независни производители поради урамнотежување на светските резерви на нафта. ОПЕК официјално ќе се состане на 22 јуни за да утврди во која насока ќе се движи нафтената политика