Мозаик 25.07.2018 19:42

Дали секој летен одмор го празните паричникот до последниот денар

Дали секој летен одмор го празните паричникот до последниот денар

Дали секој летен одмор го празните паричникот до последниот денар? Ако престанете со овие 9 грешки, можеби ќе ви останат пари, а сепак ќе си поминете незаборавно.

Летниот одмор го чекаме цела година, но тоа не значи дека треба да дозволиме со него да си ги испразниме сите банкарски картички до последниот денар.

Некои трошоци на одморот се навистина непотребни.

Кои грешки за време на одморот прават да трошите илјадници денари непотребно?

Чекате предолго за да букирате лет и цените растат.

Не плаќате со картичка кога одите во странство, па менувате пари во менувачници на атрактивни места со несоодветен курс.

Не внимавате на користењето на мобилниот телефон и на цените на роаминг.

Ги преполнувате куферите, па кога се враќате немате место за подароците и доплаќате за багаж во авионот.

Не вадите осигурителна полиса за патување, па во случај на незгода имате огромни дополнителни трошоци.

Заборавате дека ако цената изгледа премногу добра за да биде реална, најчесто е вистина, па секогаш плаќате низа дополнителни трошоци.

Јадете на популарни туристички места и со тоа плаќате повисоки цени.

Се движите со такси, наместо со јавен превоз или рент-а-кар, и плаќате вртоглави цени.

Пред патувањето не ги подмирувате долговите на кредитните картички и потоа плаќате камати.

извор:република