Десетици милиони евра расипнички се фрлаат за Зоран Заев да го покрие капитулантскиот договор и да го оправда прифаќањето на грчките линии. Граѓаните сами ги плаќаат со десетици милиони евра манипулациите на Заев со кои се обидува да ги убеди дека е добро да се самоукинат и да ги сменат името, идентитетот, културата, традицијата и историјата кои ги наследиле од нивните претходници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Власта не запира со расипништвото. СДСМ вчера ја задолжи државата за нови 57 милиони евра. Владата се расфрла и купува гласови со пари на граѓаните, а веќе стигнуваат ратите за исплата од кредитите кои истите ги позајми пред година дена. Милионите, задолжување се редат, а во реалноста не гледаме каде завршуваат парите. Нема проекти. Капиталните инвестиции се на децениско најниско ниво од 21.33% за првите 7 месеци од годината. Никој во државата не знае на што се трошат милионите позајмени, за кои годишно плаќаме огромни камати, стои во соопштението на партијата и се додава:
„Со СДСМ на власт, јавниот долг за првпат во историјата на државата надмина 5 милијарди евра, а државниот 4 милијарди. Доколку ова темпо продолжи на среден рок се доведува ликвидноста на државата во прашање. Додека задолжувањата растат, реалниот сектор тоне. Граѓаните имаат се помалку пари, трошоците за живот се зголемуваат, а стандардот паѓа. Земјоделието како една од гранките од која егзистираат десетици илјади семејства е на колена, откуп нема, а производителите на разни култури не знаат дали ќе имаат средства да ја поминат годината. Градежништвото како клучен сектор е на колена, а со него и 20-тина пропратни гранки“.
Целата економија, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ, е закочена и затоа директен виновник е Заев. -СДСМ година ипол покажа како не треба да се управува државата. Колку побрзо си заминат, толку штетите ќе бидат помали.