Банкарство 29.06.2018 13:25

Deutsche Bank „падна“ на стрес-тестот во САД

Deutsche Bank „падна“ на стрес-тестот во САД

Американската поделба на „Deutsche Bank“ не успеа да помине преку регулаторните стрес-тестови на ФЕД, според кои германскиот кредитор има „значителни слабости во капиталното планирање“, соопштува „Wall Street Journal“.

Резултатите презентирани доцна во четвртокот, се вториот дел од годишните банкарски стрес-тестови на ФЕД кои покажуваат дали регулаторот ќе ги одобри плановите на доверителите за зголемување на програмите за откуп на акции или за исплата на дивиденда на акционерите. „Deutsche Bank“ е единствената банка во вториот круг на ФЕД, која директно „падна“ на тестовите.

Банката на федерални резерви објави дека „Deutsche Bank“ има „широко распространети и критични недостатоци во практиките на капиталното планирање“. Регулаторот истакна дека доверителот нема способност да предвиди приходи и загуби на клучните деловни линии и не управува соодветно со контролата на ризикот.

Слабостите предизвикаа загриженост во врска со способноста на американската поделба на банката „ефикасно да ги одреди своите капитални потреби за идните периоди“, велат од ФЕД. Тестот вклучува голем дел од операциите на американската поделба на банката, вклучувајќи ја и нејзината голема американска трговска платформа.

Акциите на банката се зголемија за 2,56% во петокот по вестите на 9,29 евра за акција.

„Deutsche Bank“ во изјавата објави дека продолжува да напредува во поглед на своите способности во планирањето на капиталот, контролата и инфраструктурата. Таа додаде дека резултатите од тестовите на ФЕД „нема да влијаат на капиталните активности, на пример исплатата на дивиденди или други капитални порамнувања“ од компанијата мајка.

Германската банка, која забележа три последователни години на загуба по даноците, вклучи минимална дивиденда во капиталното планирање, додека се реструктуира и ги намалува трошоците. Како што матичната компанија плаќа мала дивиденда, ефектот од неможноста на единицата на САД за пренос на дивиденди дома е послаба, велат аналитичарите.

Ова беше првата година во која беа објавени резултатите од тестот во кој учествуваше „Deutsche Bank“ и други странски банки.

Инаку ФЕД ги одобри капиталните планови на 34 доверители, овозможувајќи им да користат дополнителен капитал за откуп на акции, дивиденди и други цели, пренесува „Ројтерс“.