Актуелно 03.11.2018 12:59

„Додека бизнисите во државата едвај врзуваат крај со крај, Заеви нижат милионски профити“

„Додека бизнисите во државата едвај врзуваат крај со крај, Заеви нижат милионски профити“

Зоран Заев е единствениот криминалец во македонската политичка историја. Зоран Заев е единствениот политичар аболициран за тежок криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев и криминалниот картел кој го води го окупираа бизнисот во државата. Заеви влегоа во струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“, камионите на Заеви возат за РЕК Битола, а кланот влезе и во милионскиот бизнис со марихуана. Додека бизнисите во државата едвај врзуваат крај со крај, Заеви нижат милионски профити, стои во реакцијата и се додава:

„Економијата е клекната на колена и освен фирмите на Заеви сите работат во страв. Намалувањето на проектираниот раст за 30% е доказ за неспособноста на власта да ја води економијата, а очајно ниското ниво на реализација на капитални инвестиции кое за 3/4 од годината изнесува  1/4 од предвиденото е потврда дека оваа влада не треба  да остане ни ден повеќе да управува со државата. Со секој поминат ден со СДСМ на власт државата дополнително тоне во  криминал, а Заеви се богатат. Токму затоа СДСМ треба што  побргу да  си замине, за Македонија да тргне напред“.