Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва на полноќ цените на бензините и дизелот се зголемуваат по два денари.
Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечера на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 3.54%.
Преведено во цени, тоа значи дека цените на сите горива се зголемуваат за два денари – па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе чинат 70.00, односно 71.50 денари, а еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 62.00 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.