Научници докажале дека чоколадото подобро ја лечи кашлицата отколку сирупите кои се конзумираат, а тим од неколку доктори ја потврдил оваа теорија.
Според докторите чоколадото има многу подобра функција за смалување на проблемите со дишењето и кашлицата.
Алин Морис, доктор за кардиоваскуларни заболувања објаснува зошто тој верува во оваа теорија за чоколадото.
Тој вели дека спровел истражување во кое учествувале 163 луѓе кои, како што посочи тој осетиле значитена разлика во дишењето и намалување на кашлицата, откако претходно неколку дена редовно конзумирале одредена количина на чоколадо.
Меѓутоа, ова не е прв пат да се зборува дека чоколадото може да се користи како лек. Пред неколку години на еден лондонски универзитет беше откриено дека какаото има големо влијание во лечењето на кашлицата.
„Постојат две причи поради кои чоколадото може да ги смали болките во грлото. Првата е токму фактот штп чоколадото, како и медот, формираат слој на заштита во грлото, и со тоа се намалува иритацијата и кашлицата. Втората теорија е дека чоколадото содржи состојка која се вика теобромин, а таа служи заа запирање на кашлицата“, изјави Морис.