Банкарство 15.09.2018 00:41

Доларот зајакна, јапонскиот јен губитник

Доларот зајакна, јапонскиот јен губитник

Доларот во четвртокот почна да зајакнува во однос на другите валути оддалечувајќи се од двонеделниот минимум забележан на претходното тргување бидејќи инвеститорите се повлекоа од пазарот пред монетарните одлуки на трите централни банки.

Главните валути се движеа во тесен опсег, при што само јапонскиот јен беше меѓу губитниците во однос на доларот.

Доларот зајакна 0,2 отсто, а индексот на доларот забележа ниво од 94,93 поени отскокнувајќи од минимумот од 94,73 поени забележани во претходното тргување.

Еврото и фунтата останаа стабилни во очекување на монетарните одлуки на Европската централна банка.