Сигурна сум дека народот ќе ме поддржи, рече Гордана Силјановска Давкова, претседателскиот кандидат од ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на емисијата 360 на АлсатМ телевизија. Таа ова го посочи говорејќи во контекст на тоа дали ќе ја поддржи членството на ВМРО-ДПМНЕ, кое како што таа посочи поддржува десни конзервативни ставови, а таа поддржува либерална идеологија.
-Ако имаше дилеми сега веќе ги нема за поддршката. Право, правда, владеење на право, еднаквост нив ги нема и тука ќе нема никаков проблем да се најдеме за да добијам поддршка, рече Силјановска говорејќи дека таа е либера пред се кога се говори за правата и слободата на граѓаните.
Таа објасни дека дополнително во полза е фактот што живееме во свет на дезидеологизација, или свет каде е тешко да се каже што е лево, што е десно.
Силјановска се осврна на предлог законот за абортус. Таа вели дека не може да одговори дали ќе го потпише указот на законот пред да го види конечниот текст на законот. Според неа жената има право да размисли за абортус и да се консултира како што тоа го предвидува постојниот закон, но дека најважно е како ќе одлучи жената.
– Треба да има време да се размисли, но некој ако решил да абортира ќе абортира, рече Силјановска
За тоа кога се работи за заедницата меѓу маж и жена за ваков закон треба да се изјаснат граѓаните на референдум, посочи Силјановска.