Адвокатот Сашко Дукоски на социјалните мрежи со остар коментар околу инцидентите во затворот Шутка кога беа нападнати поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.
-Нели, тие исти телефони кои вие им ги продавате им ги земате за да потоа пак им ги продадете? А хиени? Епа како бе тоа да некој објавува ВО ГРУПНА СЛИКА статуси и СЛИКИ на Фејсбук тотално секојдневно и непречено и веднаш да реагира а? А вие молчите како риби? Нели телефоните се забранети и лица кои се обвинети за исто кривично дело не може да шетаат заедно и со тоа да се сликаат, стои во статусот на Дукоски објавен на Фејсбук.