Актуелно 26.10.2020 13:40

Еве што најавува УХМР за оваа работна недела

Еве што најавува УХМР за оваа работна недела

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини.

Утринската температура в недела, на 1 ноември, ќе се спушти до 0 степени, а дневната ќе достигне 19 степени, информираат од УХМР.

В среда, особено во јужните делови, а в петок и сабота на повеќе места ќе има услови за повремени врнежи од дожд.

Во петок и за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.