Актуелно 25.09.2018 17:34

Едно прашање, три одговори: Дали Заев ќе си поднесе оставка ако референдумот е неуспешен?

Едно прашање, три одговори: Дали Заев ќе си поднесе оставка ако референдумот е неуспешен?

Само три различни прилики се доволни македонскиот премиер да даде три различни изјави за едно исто прашање.

Прашањето е очекувано и очигледно за овој период, во пресрет на референдумот и истото гласи: Дали ќе си поднесе оставка после неуспешен референдум?

-Јас сум толку сигурен дека ќе успее референдумот во Република Македонија, што одговорот е ДА, ќе заминам. Ако не успее референдумот во Република Македонија, тоа значи дека едни од најсериозните гаранции за иднината на мојата земја јас не сум успеал да ги постигнам, убедувајќи го мнозинството од овој народ, рече Заев на 25.06.2018-та.

-Како премиер имам мандат до декември 2020-та година. Ако падне референдумот и не успее, веројатно завршуваме ние со политиките овде, рече Заев на 31.08.2018-та.

-Одлучуваат тие што гласаат.Тие што не гласаат не се ни бројат. Така да, ако има мнозинство со против, макар и еден глас повеќе, тоа значи јас и парламентот, сите пратеници, го поништуваме договорот со Грција, рече Заев на 25.09.2018-та.

Три изјави, три различни одговори. Дали премиерот ќе си поднесе оставка ако референдумот биде неуспешен? Тој одговара „Да“, „Не“ и „Можеби“.

Јавноста добро го познава начинот на кој македонскиот премиер води политика. Не е прв пат тој да ги менува своите изјави, за исти прашања, со брзина на светлината.

Ако во недела се соочи со неуспешен референдум, се очекува Заев да смисли нов, четврти одговор, за истото прашање, пред македонската јавност.

РЕФЕРЕНДУМЗОРАН ЗАЕВОСТАВКА