Актуелно 13.01.2019 18:47

Ексклузивно: Законот за јазици во текот на наредната недела ќе се објави во Службен весник

Ексклузивно: Законот за јазици во текот на наредната недела ќе се објави во Службен весник

Една година по усвојувањето во Собранието, конечно се очекува Законот за употреба на јазиците да стапи на сила, со објавување во Службен весник дури и без потписот на претседателот Ѓорге Иванов.

Вицепремиерот Бујар Османи, екскузивно за телевизија Алсат-м ја потврди информацијата, поптенцирајќи дека законските процедури ќе бидат почитувани.

– Беше добра случајност што на истиот ден, 11 јануари, беше донесен Законот за употреба на јазиците, на 11 јануари се изгласаа и уставните измени. Но, она што е уште поубаво, е тоа што очекуваме следната недела, претседателот на Парламентот да го формализира Законот за употреба на јазиците, целосно ова во рамките на законот и Уставот, со што и почнува официјалната примена на албанскиот јазик во централните институции, во целосна вертикала на државни институции. Се разбира, тука почнуваат и предизвиците за правилно, сеопфатно спроведување и имплементација на стандарден јазик”, рече Бујар Османи, заменик-премиер за европски прашања во изјава за телевизијата.

Најнови вести