И покрај политичкиот ќор-сокак во првата половина од минатата годината, Европската комисија забележа подобрувања на македонската економија, особено во управувањето со јавните финансии и транспарентноста.
Клучните слабости на економијата остануваат. Постојат недостатоци во деловното опкружување, како што се слабото спроведување на договорите и големата неформална, сива економија.
Евопската Комисија има одредени забелешки во однос Фискалната политика, која според нив, е насочена кон краткорочни мерки и нема траен план за консолидација.
Комисијата констатира дека макроекономското опкружување се влошило во првата половина од 2017 година, бидејќи долгата политичка криза ги стопираше инвестициите.
Структурните проблеми на пазарот на трудот се рефлектираат во ниската активност и високите стапки на невработеност, посебно е висока невработеноста кај младите.
Економијата постигна одреден напредок и е умерено подготвена да се справи со конкурентските притисоци и пазарните сили во рамките на ЕУ. Трговските и инвестициските односи со ЕУ продолжија да се интензивираат. Но економијата во македонија сеуште страда од слабости во образовнието на кадарот, ниските стапки на иновации и недостатоци во инвестициите, вклучувајќи ја особено јавната инфраструктура. Европејците очекуваат итна реформа на јавната администрација во Македонија.