Финансии 25.04.2018 13:44

ЕВРОСТАТ: Можете ли да си дозволите да ги платите сите сметки?

ЕВРОСТАТ: Можете ли да си дозволите да ги платите сите сметки?

Се намали процентот на лицата коишто се материјално лишени од основните средства за нормален живот. Сега тој процент изнесува 6,7% во ЕУ.

Околу 33 милиони луѓе во ЕУ се наоѓаат во оваа ситуација, според првичните податоци за 2017 година.

Во 2017 година, 6,7% од населението или околу 33 милиони луѓе во Европската унија (ЕУ) беа сериозно лишени од материјални добра за нормален живот.

Материјална депривација: Лица на кои условите за живот им се строго ограничени поради недостаток на ресурси. Тие искусуваат најмалку 4 од 9-те депривации. Тие лица не можат да си дозволат:

-да платат кирија, ниту сметки за комунални услуги

– да платат за соодветно затоплување на својот дом

-соочување со неочекувани трошоци

-да јадат месо, риба, или протеински еквивалент секој втор ден

-еднонеделен одмор надвор од домот, еднаш годишно

-автомобил

– машина за перење

-телевизор во боја

-телефон.

Податоците од 2017 година го одразуваат континуираниот тренд на намалување на бројот на лица кои се материјално лишени од некои средства, инаку овој трагичен тренд својот врв го достигна во 2012 година кога изнесуваше 9.9 %.

Најголемо намалување на сиромашните материјални депривации има во Романија

Во повеќето земји за кои се достапни податоците од 2017 година, стапката на тешка материјална депривација е намалена во споредба со 2016 година. Исклучок е Данска, каде што се зголеми за 0,5 проценти, од 2,6% во 2016 година на 3,1% во 2017 година и Холандија, каде што таа остана 2,6%. Најголемите падови се регистрирани во Романија (од 23,8% во 2016 година на 19,4% во 2017 или -4,4 п.п.), а потоа Италија (од 12,1% на 9,2% или -2,9 п.п.), Хрватска (од 12,5% до 10,3% , или -2,2 п.п.), Бугарија (од 31,9% до 30,0% или -1,9 п.п.) и Кипар (од 13,6% на 11,7% или -1,9 п.п.).

Највисока стапка на сериозна материјална депривација има во Бугарија и Грција

Во земјите-членки на ЕУ, Бугарија (30.0%), Грција (21.1%), Романија (19.4%) и Унгарија (14.5%) регистрираат највисоки проценти на сериозна материјална депривација. Спротивно на тоа, сериозните стапки на материјална депривација беа под 3% во Шведска (0,8% во 2016 година), Луксембург (1,6% во 2016 година), Финска (2,0%) и Холандија (2,6%).

Извор: Евростат