Економија 07.06.2018 11:21

Фабриките во Германија се погодени од растечкиот протекционизам

Фабриките во Германија се погодени од растечкиот протекционизам

Фабриките во Германија, европска земја со најмоќна економија, се погодени од растечкиот протекционизам. Глобалните трговски тензии конечно го зедоа својот данок, бидејќи германските индустриски нарачки паднаа трет последователен месец, пишува Ројтерс.

Според најновите податоци од германскиот завод за статистика, договорите за извозот за германските производи е намален за 0,9 отсто, што претставува пад од 0,2 отсто во споредба со претходниот месец.
Широката дебата за воведување на царини создаде голема несигурност во европските индустрии извозно ориентирани, заклучи Томас Гицен,економски аналитичар од VP Bank Grupe.
Според него, овие податоци се прилично болни и покажуваат дека германската економија конечно забавува.
Ова навистина боли, изјави Гицл за Ројтерс.
Очекувано, намалувањето е најголемо кај нарачките од странство кои се во пад за 2,6 отсто, додека домашните нарачки дури се зголемиле за 1,5 отсто. Сепак, Германија е најголем извозник во САД и по секоја цена сака да ја избегне потенцијална трговска војна со Белата куќа, а рокот кога Доналд Трамп ќе донесе одлука за тоа дали ќе се воведат тарифи на алуминиум и челик на Европската унија се приближува, и истиот е 1 јуни.

Прелиминарните податоци на германскиот БДП за првиот квартал на 2018 година треба да бидат достапни следната недела, но аналитичарите предвидуваат поскромен раст на економијата, или за 0,5 проценти во споредба со 0,6 отсто, колку што беше во последните три месеци од 2017 година. Исто така, германските власти ги намалија своите очекувања за 2018 година и прогноза за нивниот економски раст се намали од 2,4 проценти на 2,3 проценти