Мозаик 22.08.2018 14:32

Фејсбук развива свој гласовен асистент

Фејсбук развива свој гласовен асистент

Фејсбук развива свој гласовен асистент, со кодно име „Алоха“. Услугата ќе биде комбинација на видео-чат и гласовен асистент со вештачка интелигенција.

Откритието се должи на девелоперот Џејн Вонг, која пронајде рана верзија на корисничкиот интерфејс во кодот на Фејсбук апликацијата за Андроид.

Во моментов функционира само релативно едноставен интерфејс и елементарно гласовно препознавање, но асистентот изгледа ветувачки. Можеби ќе го видиме како дел од хардверски уред, слично на „Еко“ и „Хоум“ производите на Амазон и Гугл – освен ако Фејсбук нема намера да го остави проектот на чисто софтверско ниво.

Инаку очекуваме социјалната мрежа да излезе со новиот производ пред Божиќните празници.