Финансии 16.01.2019 13:12

Финансии: Нема нето задолжување со денешната аукција

Финансии: Нема нето задолжување со денешната аукција

На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 700 милиони денари (11,4 милиони евра), од кои по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност, Министерстовто за финансии, вчера веќе исплати 250 милиони денари (4,1 милиони евра), соопштија денеска од ресорот откако се одржа првата аукција на државни хартии од вредност годинава. За месецов планирана е уште една на 29 јануари, а претходно на 23 јануари Министерството во стопанството треба да врати уште 868,6 милиони денари (14,1 милиони евра).

На аукцијата денеска беа запишани 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 700 милиони денари по намалена каматна стапка од 1,1 отсто .

„Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои веќе се отплатија се 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 690 милиони денари со камата од 2,6 проценти, а на 23 јануари ќе се отплатат 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 475 милиони денари со камата од 1,20% и 5-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 393,6 милиони денари со камата од 4,6 проценти, стои во известувањето од финансии.

Фактор утрово објави и каков е планот за задолжување и раздолжување во следниот период. Сите детали овде.