Германската влада планира да ги зголеми даноците на летовите со авиони на кратки релации на 74 проценти во рамките на мерките за борба против климатските промени.
Во исто време, данокот на железничките карти е намален на 7 проценти. Предлог законот, содржи и зголемување на даноците на летовите подолги, до 2.500 километри.
Конкретно, државата од април 2020 година ќе зема 13,03 евра по билет за краток лет, а сега зема 7,50 евра. За летовите од 2.500 до 6.000 километри, данокот ќе биде 33,01 евра, а сега е 23,43, а за летови на долги релации ќе се зголеми од сегашните 42,18 евра на 59,43.
Севкупно, тие даноци треба на германската држава да и донесат дополнителни 740 милиони евра годишно, повеќе да надокнадат од намалувањето на ДДВ на билетите за железничкиот превоз од јануари 2020 година, кога данокот на железничката карта на долги релации ќе биде намален на само седум проценти, од сегашните 19 проценти. Таа нова, пониска стапка е веќе воспоставена за пократки патувања со воз.
„Не можеме да дозволиме Германија повторно да ги промаши своите цели за животната средина. Германските цели во врска со климата за прв пат стануваат правно обврзувачки“, изјави министерката за заштита на животната средина Свења Шулце минатата недела кога беше претставен предлог законот за климата.
Германија како прва европска економија нема следната година да ја достигне целта од 40 проценти намалување на емисиите СО2 во однос на 1990 година. Земјата сака да ги намали емисиите на стаклени гасови за 55 проценти за десет години, но и тоа би било над нивото од 1990 година, а сака и 65 проценти од уделот на обновливи извори на енергија во своето производство на електрична енергија.