Кај надворешниот изглед на жената секогаш може да се откријат недостатоци: недоволно кадрава коса, голем нос, куси нозе, широка половина…
Наскоро во тој список, може да бидат додадени и интимните органи, иако најхрабрите веќе си прават пластични операции на усниците.
Имено, група швајцарски гинеколози ги измериле гениталиите на 657 жени. Проучувањето е спроведено од август 2015 до април 2017 година, меѓу пациентки во болниците во Луцерн.
Лекарите ги мереле клиторисот, големите и малите усници, а потоа следи детална анализа на податоците.