Денеска навршуваат 7 години од смртта на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.
Пратеникот Владимир Ѓорчев положи цвеќе на гробот на Глигоров.
„Почит и сеќавање за Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија и учесник во АСНОМ. Штипјанец и Македонец.
Се вложи себеси во градењето на независна Македонија.
Вечна му слава“, напиша Ѓорчев.