Актуелно 30.12.2018 15:16

Ѓорчев во Куманово: Заев и СДСМ тотално го заборавија Куманово, нема ништо од ветувањата

Ѓорчев во Куманово: Заев и СДСМ тотално го заборавија Куманово, нема ништо од ветувањата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев беше во посета на Куманово заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Ѓорчев пред кумановчани истакна дека Заев и СДСМ тотално го заборавија Куманово. Многу ветија, а ништо не остварија. Овој гра д им даде голема поддршка, а сега властите никаде ги нема да возвратат со проекти.

Ѓорчев додаде дека секој ден расте поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. Рејтингот на СДСМ е во забрзан пад затоа што народот се чувствува излажан и разочаран.

На крајот Ѓорчев рече дека ВМРО-ДПМНЕ  ја подготвува програмата на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја предводи Христијан Мицкоски. Секој предлог е добродојден, затоа што секој човек е важен и добродојден.

Воедно, Николоски и Ѓорчев им ги честитаа претстојните празници на сите кумановчани и на членството на ВМРО-ДПМНЕ, со желби за здравје и успех.