Финансии 10.10.2018 14:37

Глобалниот долг се зголеми на рекордни 182 илјади милијарди долари

Глобалниот долг се зголеми на рекордни 182 илјади милијарди долари

Нивото на глобалниот долг достигна рекордни 182 илјади милијарди долари во 2017-та година, зголемувајќи се за 50 отсто во текот на една деценија. Меѓутоа, сликата се чини дека е уште „помрачна“ кога се размислува за јавни средства, објавиМеѓународниот монетарен фонд.

„ММФ“ го претстави својот шестмесечен фискален извештај со нова база на податоци, која покажува значително нето богатство стекнато во 31 земја кои формираат 61% од глобалното економско производство.

Средствата во овие земји се во вредност од околу 101 илјади милијарди долари, или два пати над нивниот БДП, со нешто повеќе од половина од средствата на јавните претпријатија, и само половина од средствата во природните ресурси, како што се нафтените или минералните ресурси.

„Кога владите ќе ја сфатат големината и природата на јавните средства, тие можат да почнат да ги менаџираат поефикасно“, се вели во извештајот на организацијата. „Потенцијалните придобивки од подобро управување со средствата се значајни“.

Фондот вели дека придобивките од приходите од нефинансиските јавни претпријатија и државните финансиски средства може да достигнат 3% од БДП-то секоја година, што е еквивалентно на годишните приходи од корпоративните даноци во развиените економии.

Во исто време ММФ нагласува дека во последните шест месеци се појавиле ризици пред глобалниот финансиски систем и тие можат да се зајакнат, ако притисокот на растечките пазари ескалира или глобалните трговски односи се влошат уште повеќе.

Фондот истакнува дека доколку банкарскиот систем бил зајакнат од регулаторите во деценијата од глобалната финансиска криза во 2008-та година, олеснувањата во финансиските услови придонесуваат за акумулација на пропусти, на пример високи нивоа на долгот или „прекумерните“ проценки на имотот.

Новите режими за спасување на банките, кои се дизајнирани да ги избегнат идните банкроти, во голема мера се непроверени.

„Краткорочните ризици за глобалната финансиска стабилност малку се зголемија“, велат од ММФ. „Севкупно, учесниците на пазарот се чини дека се безгрижни за ризикот од остри затегнувања на финансиските услови“, стои во соопштението.

Директорот за пазарите на капитал во „ММФ“, Тобиас Адријан изјави дека потенцијалните шокови за системот може да се случат во многу форми, на пример повисока од очекуваната инфлација, која ќе предизвика акутен скок на каматните стапки или „хаотично“ излегување на Велика Британија од Европската унија.

Моќта на влијанието од овие шокови ќе биде одредена од слабостите, вклучувајќи ги растечките нивоа на нефинансискиот долг кој сега надминува 250% од БДП-то, влошување на стандардите за отпишување надворешниот традиционален банкарски сектор и повисоките цени на средствата кои можат брзо да се намалат.

Брзото зголемување на долгот во Кина во последниве години, исто така, претставува загриженост, иако кинеските власти презедоа чекори за намалување на растот на долгот“, рече Тобиас.

Според извештајот на ММФ, економскиот раст јасно го достигна својот врв во некои големи економии, додека јазот помеѓу развиените и пазарите во развој се шири. ММФ во вторникот ја намали глобалната прогноза за раст, главно поради трговската војна меѓу САД и Кина и растечките финансиски тешкотии на пазарите во развој.

САД продолжи да расте силно и Федералните резерви ги зголемија каматните стапки по седми пат во последните осум квартали во септември. Берзите исто така се на рекордни нивоа.

Ова е спротивно на забавувањето во еврозоната и Јапонија. Економијата во Кина, исто така, покажува знаци на умерен раст, главно поради тензиите со САД.