Некатегоризирано 12.09.2018 18:53

Гневот го слабне имунолошкиот систем

Гневот го слабне имунолошкиот систем

Чувството на лутина или бес е нормално и потребно, но чувството на силен гнев и голема лутина го уништува срцето и крвните садови, го слабее имунолошкиот систем, а поврзано е со депресија и воспалителни процеси.

Нездрави епизоди на лутина, како што се експлозивните изливи на лутина или насочување на гневот на самиот себе – го уништува организмот.

Оние кои често се лути или тешко го контролираат чувството на лутина, освен што се непријатни за околината и им создаваат стрес, го уништуваат и своето тело. Во физичка смисла, неконтролираниот гнев најмногу влијае на кардиоваскуларниот систем. Освен што два пати ги зголемува шансите за срцев удар, гневот и незадоволството кај кој се вложува голем напор да се контролира тесно се поврзани со срцевите заболувања и го удвојува ризикот од васкуларните болести.
Од друга страна, конструктивниот гнев, оној во кој зборувате со некој кој ве налутил, и на мирен и рационален начин го решавате проблемот, нема никаква врска со срцеви заболувања туку е нормална и здрава емоција. Кај луѓето кои имаат аневризма (проширување на артериите), по експлозија на лутина шест пати е поголема можноста таа да пукне. Гневот го ослабува имунолошкиот систем, па оние нервозни и лути почесто ќе бидат болни, што може и дополнително да ги налути. Но, не страда само физичкото здравје, туку и она менталното.

Силниот гнев може да ги засили симптомите на општа вознемиреност. Депресијата и лутината се директно поврзани, главно кај мажите. А да си ги олеснат непријатните симптоми, лекарите советуваат активности кои ќе ја “истрошат” лутината, како возење велосипед или трчање.