Мозаик 17.08.2018 13:32

Го хакирал безбедносниот систем на Apple и успеал да пристапи до доверливи информации од компанијата

Го хакирал безбедносниот систем на Apple и успеал да пристапи до доверливи информации од компанијата

Шеснаесет годишен тинејџер од Мелбурн, Австралија, го хакирал безбедносниот систем на Apple и успеал да пристапи до доверливи информации од компанијата, пишува The Age.

Тој собрал податоци од сметки на клиенти, лозинки и “симнал“ фајлови со големина од 90 GB пред да биде фатен.

Appleго блокирал пристапот на младичот и ги известил FBI за крадењето на податоци. Австралиската полиција во неговиот дом во Мелбурн запленила два Apple лаптопи, мобилен телефон и хард диск, и открила дека хакирањето му успеало со помош на софтвер, којшто бил инсталиран на еден од лаптопите.

Според адвокатот на тинејџерот престапник, тој тоа го направил од преголема желба да работи за технолошкиот гигант.

Пресудата за шеснаесет годишникот ќе биде изречена следниот месец.