Годишна плата од 20.000 евра за чистачки нудат Ирците кои бараат работници во Хрватска.
Готвачите имаат годишна плата од 26.000 евра, а менаџерите за храна и пијалоци по 31.000 евра годишно.
Во Даблин становите се многу скапи и тешко се наоѓаат, па затоа е важно газдите да обезбедат и сместување, пишуваат медиумите во регионот.
Во помалите места до стан се доаѓа полесно.
Ирците се задоволни од хрватските работници.
Преку локални агенции Хрватите откако ќе пратат кратка биографија, и ќе поминат интервју, за месец дена склучуваат договори и заминуваат да работат.
Сите оние кои ќе најдат работа во Ирска имаат шанса да напредуваат.
Ако за 10 месеци заминале 120 Хрвати, најмалку четири или пет ќе останат таму трајно да живеат.