Актуелно 20.02.2019 22:10

Граѓаните ја чекаат најавената инвестиција од Заев, Владата чекала соодветно време

Граѓаните ја чекаат најавената инвестиција од Заев, Владата чекала соодветно време

Ни трага, ни глас за новата инвестиција која премиерот Заев наголемо ја најавуваше.

Нема ниту објава на име, ниту позната локација, а уште помалку  најава за нови вработувања таму.

Во интервју дадено за „Фајненшл Тајмс“, Заев рече дека во Македонија доаѓа голем инвеститор од автомобилската индустрија.

Со оглед на фактот дека освен помпезна најава, во оваа насока нема ништо друго кажано или најавено, КУРИР пред два дена испрати прашање до Владата:

„До каде е постапката со најавената нова инвестиција од сегментот на автомобилската индустрија, а која беше најавена од премиерот Зоран Заев во неговото интервју дадено за „Фајненшл Тајмс“?

Од таму одговорот ни стигна дури денес:

-Што се однесува до најавената инвестиција македонската јавност ќе ја информираме во оној момент кога ќе биде соодветно, одговорија од Владата.

Додека јавноста чека барем ова ветување на Заев да се исполни, владата чека соодветно време.

Не е јасно само зошто Заев наголемо најавуваше ваква инвестиција, кога времето, очигледно, уште не е соодветно.