По објавените фотографии и снимки од гласањето на премиерот Зоран Заев, на денот на референдумот, на социјалните мрежи се појавија коментари дека македонскиот премиерот гласаше пред картата на „Голема Македонија“. Жестоките коментари доаѓаат најмногу од Грција.
Кога премиерот со неговиот син влезе во училницата каде што гласаше на зидот висеше картата на Егејска Македонија на кои се наоѓаат територии од денешна северна Грција.
Извор: ПрессингТв