Актуелно 30.01.2019 12:51

Груби: Одговорност за случајот со Пензискиот фонд најпрво треба да се бара од Царовка, таа две години е министерка

Груби: Одговорност за случајот со Пензискиот фонд најпрво треба да се бара од Царовка, таа две години е министерка

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Артан Груби ја посочи министерката Мила Царовска како најодговорна за последниот скандал за злоупотреба на 19 милиони евра од Фондот за пензиско осигурување на Македонија.

Тој вели дека Царовска веќе две години раководи со Министерството за труд и социјална политика, и ако биле направени погрешни трансфери во Пензискиот фонд, тие се направени во нејзино време, и заради тоа одговорност прво треба да се бара од нејзе а потоа кај другите.

– Министерката е две години на таа функција и ако биле направени овие погрешни трансфери, тие се направени и во нејзино време, бидејќи трансферите се прават од Министерството со кое раководи таа. Значи одговорноста треба да се бара најпрво кај неа, а потоа и кај другите. Во целиот овој период ние сме имале низа министри. Додека поделбата во првиот и вториот столб е направена од времето на Владата на СДСМ-ДУИ уште од 2003 година. Затоа, сакам да кажам, ако има било какви докази таа требала да се обрати во обвинителството и во надлежните органи, а не на прес-конференција, рече Груби.

Груби исто така се правдаше дека во случајов не станува збор за злоупотреба на парични средтства туку дека станувало збор за системска грешка, парите место во вториот столб по грешка биле префрлани во првиот.

Тој посочи дека се работело за неумерена изјава на Царовска, која мисли дека сеуште раководи со невладина организација а не со толку важно министерство, и ќе тредба да внимава министерката на своите јавни презентации особено кога се работи за вакви прашања.

– Во случајов се работи за не толку умерена изјава на министерката Царовска, која можеби се уште мисли дека раководи со некоја невладина организација, а не толку важно министерство со кое раководи. И ќе треба на своите јавни презентации, особено за вакви прашања да внимава на начинот на презентација, бидејќи во случајов и денес се потврди, дека не се работи за злоупотреба на ниту еден денар. Се работи за системска грешка, дека средствата се префрлеани во првиот столб, а не во вториот столб. Ниту еден денар од префрлените пари не се злоупотребени. Ова го потврди денес самата госпоѓа Царовска на прес конференција со директорот на Пензискиот фонд на Република Македонија, рече пратеникот на ДУИ Артан Груби, во вчерашната дебатна емисија “200“ на Алсат-м телевизија.

Најнови вести