оранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, вчера на прес конференција кажа дека денеска Апелациониот суд ќе му донесе политички монтирана осудителна пресуда. Од Апелацискиот суд пак тие тврдења на Груевски ги оценија како груба невистина и манипулација на јавноста, а со реакција околу соопштението на Апелација излезе и Груевски.
Тој во статус на Фејсбук вели дека ова било сосема очекувано од судот, велејќи дека тие во демантот си дозволиле јавно да се пресметуваат со него.
Фејсбук статус на Никола Груевски
Сосема очекувано беше дека судот ќе ги демантира сознанијата изнесени во мојата денешна изјава. А што друго би направил?
Но од соопштението – демант на Апелацискиот суд, не само меѓу редови, туку и директно се чита пристрасноста на оној кој го креирал текстот на овој демант и се наѕира веќе донесената одлука за мое прогласување за виновен, иако ниту имам сторено кривично дело, ниту постојат докази за такво нешто, ниту судската постапка во прв степен е соодветна, ниту пак по закон можат да вршат гонење за нешто што има и релативна и апсолутна застареност а во корелација со член член 30 од КЗ.
Судот си дозволил во одговорот јавно да се пресметува со мене, обвинувајки ме дека со остварувањето на моите права кои се сосема оправдани во правец на барање неколку изземања, всушност дека сум сакал да го одолговлекувам судењето. На пример за изземање на судија за кого е отворена постапка за одговорност веќе има и судска пракса за негово изземање од кога во 2017та истото се случи во Кривичниот суд.
Притоа забораваат дека максимумот што го бараше адвокатот на другиот обвинет од името на сите адвокати беше одложување за еден работен ден, со цел наместо во петок, во понеделник да бидат присутни сите адвокати.
Неможе да стане збор за одолговлекување кога се бара изземање на судии кога се знае дека тоа се решава за еден час, како и што беше направено, или најмногу ден-два доколку се прифатеше барањето за изземање, вклучително и она за кое одлучува врховниот суд.
Со ова соопштение-демант, за жал апелацискиот суд само го потврди она што денес го објавив, а наскоро и на дело ќе го покаже тоа кога ќе ја објави одлуката.