Сигурно сте забележале дека некои од колегите многу повеќе се истакнуваат од останатите, а нивниот напредок е многу побрз иако немаат повеќе знаење или искуство од останатите вработени.
Сепак, кога ќе ги погледнете тие поседуваат посебни карактеристики кои им создаваат предности и можност да ги надминат конкурентите.
Харизмата и успехот. Харизматичните луѓе имаат добро развиени комуникациски вештини, вклучувајќи и емпатија, способност да ги препознаваат туѓите чувства и да се стават „во нивна кожа“.
Тие се храбри и искрени. Еден од нивните квалитети е храброст да станат пред толпата и да бидат поразлични од останатите. Тие можеби се диференцираат според пристапот и однесувањето или начинот на облекување, но најчесто во потполност го репрезентираат тимот кој стои зад нив.
Тие се самоуверени и сигурни. Харизматичните лидери се исклучително самоуверени личности со голема мотивација за постојано напредување. Сигурни се во своите стојалишта и силно веруваат во сопствената морална исправност.
Сепак, овие квалитети може да бидат негативни за напредокот ако се претера со нив. Ставот од типот на: „гледајте во мене, јас сум ѕвезда“ во стабилна организација, каде нема потреба од водач, може да доведе до стагнација и уназадување во кариерата.