Актуелно 09.05.2018 11:01

И Европската инвестициска банка со скептични изјави за проектираниот раст на БДП за 2018: Слаба е реализацијата на капиталните инвестиции во првиот квартал

 Недоволни се инвестициите како во патната, така и во железничката инфраструктура. Од Европската инвестициска банка која финансира бројни проекти од областа на инфраструктурата велат дека проектите треба да се изработуваат навреме.

Тие истакнаа исто и дека  ги загрижува слабата реализација на капиталните инвестиции од само 7 %  во првиот квартал од годинава, но велат дека ако се забрзаат активностите, се уште е можен економски раст од 3.2% до крајот на годинава.

За да има што повеќе инвестиции што ќе го поттикнуваат растот на економијата, за бизнисот неопходна е политичка стабилност, независноста на судството и функционалноста на институциите.Освен во финансирањето на инфраструктурните проекти, слаба е искористеноста и на парите за малите и средни претпријатија, за водоснабдителни станици, како и управување со отпадот.

Владата потфрли во испорачување на резултати во скоро година од нивното владење во сите сегменти спомнати погоре. Експертите аламираа дека   релизацијата на капиталните инвестиции во привиот квартал се катастрофални и дека ако продолжи ваквото темпо на реализација постои опасност од неисполнување на проектираниот раст на економијата и БДП за 2018 година. Ова би значело економска стагнација, намален стандард за граѓаните и уназадување на државата што негативно би се одразило врз целокупното живеење во Република Македонија.