Актуелно 13.08.2018 12:14

И СЛИВИТЕ ЗАВРШИЈА НА БУНИШТЕ: По доматите, зелката, праските, бостанот и сливите завршија на буниште – земјоделците револтирани

И СЛИВИТЕ ЗАВРШИЈА НА БУНИШТЕ: По доматите, зелката, праските, бостанот и сливите завршија на буниште – земјоделците револтирани

Сливарите од радовишко – струмичкиот регион го изразија својот револт поради немањето откуп на модрата слива. Вчерашната средба со претставници од министерството на која не добиле никакво ветување ги принуди со трактори да го блокираат регионалниот пат Радовиш – Струмица. Велат, ова е единствен начин за да го свртат вниманието на надлежните, објави Алфа.

Наместо во преработувачки капацитети, само во радовишко околу 4 до 5 милиони килограми сливи ќе скапат по нивите. Сливарите вината ја гледаат во ресорното министерство.

Сливарите реагираат и на ниската откупна цена по која се продадоа првите килограми. Откупот кој траеше само неколку дена, им ги зеде сливите за само 8 денари по килограм.

Сливарите на ресорното министерство му дадоа рок до среда. Доколку не се изнајде решение за состојбата во која се наоѓаат најавија радикализирање на протестите.