Актуелно 18.06.2018 12:12

Иако се во ЕУ, 54 отсто не можат да си дозволат да одат на одмор

Иако се во ЕУ, 54 отсто не можат да си дозволат да одат на одмор

Повеќето Бугари односно 54%, велат дека не планираат да одмараат ова лето, a 44% изјавиле дека планираат да го сторат тоа, покажуваат податоците на „Галуп интернешнл”.

Истражувањето е направено  помеѓу 13-17 април и 1 – 5 јуни со 1.000 испитаници.

Повеќето Бугари не сакаат или не можат да ги спојат сите празници. Просечната сума на пари за летен одмор изнесува 1557 лева.

Во Бугарија на море мислат дека нема да отидат 55% од оние кои велат дека ќе се одмораат летово. За одмор во странство размислуваат  36% од оние кои планираат одмор. 26% од луѓето кои сакаат да се одморат планираат да изберат една планина во Бугарија. Останатите ги спомнуваат сите форми на културни, спа и други видови туризам.