Живот 05.02.2019 20:08

Има 110 години и го победила туморот

Има 110 години и го победила туморот

Агнес Фентон неодамна го прослави својот 110-ти роденден, а вели дека толку долг живот доживеала токму поради тоа што со децении секој ден го пиела ова!
Пред речиси 70 години, таа имала бениген тумор, а лекарот тогаш ѝ дал совет дека треба да пие три пива на ден, и таа навистина тоа го применувала, вклучувајќи и една чаша виски, сѐ до ден денешен, пренесува Северен Џерси.

Таа во последните 5 години учествува во генетските истражувања, а докторите се изненадени од нејзиното здравје во подоцнежните години. Меѓутоа, потоа побарале од неа да го намали пиењето, но само затоа што малку јадела.

Сепак, таа и покрај сето тоа, најмногу се потпира во верата и вели дека му е благодарна на Бога за тоа што е сѐ уште тука и што ѝ подари долг и добар живот.