Луис Браун (25) сакал да си го обликува телото за на плажа и се предозирал со опасни таблети за слабеење – DNP.
Препаратот за губење на тежината DNP му ја кренала телесната температура до речиси 42 степени Целзиусови.
Браун, татко на едногодишно дете, од Haverhill во Suffolk отишол во теретана пред две години. Почнал да зема стероиди и наскоро го открил озлогласениот DNP.
Му дале само неколку часа од животот
Луис земал три или четири таблети DNP на ден, а во јули 2015 година, зел осум во растојание од 12 часа. Забележал дека неговата температура почнува да расте па се одвел во болница. Хемикалиите веќе почнале да му го напаѓаат телото и затоа медицинските препарати не му помагале. Кога температурата се искачила на 39,8 степени, лекарите го ставиле во вештачки предизвикана кома, го капеле во ледена вода и го подготвиле семејство за најлошото, пренесува Sun.
Сепак, лекарите успеале да го спасат така што му го отстраниле мртвиот мускул на левата нога:
“Телото почнало да се загрева и да се “вари” во внатрешноста. Ме ставиле во кома да со движењата не ја покачувам температурата. Лекарите на семејството ѝм кажале дека ќе живеам само уште неколку часа”, вели тој.
Три дена поминал во кома и уште една недела на интензивна нега и три операции за да се отстрани целиот мускул.
“Не знаев што правам”
Денес ја користи секоја можност да предупреди на опасностите од нелегалните апчиња кои на интернет можат да се најдат за смешна цена:
“Мислев дека сум посебен. Сакав само да добијам на маса и не знаев што правам. Среќен сум што сум жив”, вели тој.
Таблетите на опасниот DNP почнал да ги користи пред две години. Ги купил преку интернет или од пријатели. Месечно трошел околу 82.000 ден на хемикалии кои ги внесувал орално или со инјекција, два до три пати неделно. Пакетот DNP го плаќал околу 2.400 ден. Препаратот го исцрпува телото и го забрзува метаболизмот, што доведува до пораст на температурата.