Актуелно 09.05.2018 14:03

Иранските пратеници го запалија американското знаме по одлуката на Трамп

Иранските пратеници го запалија американското знаме по одлуката на Трамп

Еден ден по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече САД од нуклеарната спогодба со Иран, пратениците од Техеран запалија американско знаме од хартија во парламентот.

Пратениците извикуваа “Смрт за Америка”, и изгореа парче хартија кое симболично го претставува нуклеарниот договор, објави АП.

Трамп во вторникот објави дека САД се повлекуваат од нуклеарен договор со Иран и дека ќе воведат санкции против Иран, и тоа од “највисок степен”.

Тој додаде дека и други земји би можеле да бидат санкционирани.

Според американскиот претседател, нуклеарниот договор со Иран требаше да ги заштити САД и сојузниците, но дозволи Иран да продолжи да го збогатува ураниумот

Најнови вести